Наскоро

Апликацијата е во изработка. Работиме на радосница.

Малите моменти денес, најголемите спомени утре

Радосницата што ја познавате, со уште еден начин да ги чувате спомените. Создаваме радосница за семејните приказни што сакате да ги зачувате.

Додека ја завршиме, можете да погледнете како треба да работи, да прочитате што пишуваме за неа и да нè следите на Инстаграм и Фејсбук.

Изберете лик за да испратите момент или да ги уредите неговите податоци.

Следете нè

Пишуваме за книгата што ја создаваме и за семејствата зад неа.

Ќе ве известиме кога радосница ќе биде подготвена. Без спам - за пријавување е потребна само вашата е-пошта.

Секојдневните моменти, лесно зачувани.

Првата насмевка, првиот чекор

Првата насмевка, првиот збор, првото запче, првиот чекор - и сите други моменти што ви се важни.

Приказни, фотографии и видеа

Кратки белешки, слики и видеа од обични денови, не само од прослави.

Заедно со блиските

Поканете ги блиските да читаат и да испраќаат спомени што вие ги прегледувате.

Уште пред да дојдеш, веќе создававме спомени.

Книгата ќе можете да ја започнете уште додека го чекате бебето. А со идеи и прашања и за тато, во неа ќе има место за неговите подготовки, мали ритуали и приказни, раскажани со негови зборови.

Една од идеите за тато

Што прво подготви додека го чекавте бебето?

Иден татко седи на подот и составува дрвено бебешко креветче, со упатство, шолја кафе и алат до него.
Составено со љубов. И две кафиња.

Погледнете како ќе изгледа радосница

Ова е прв поглед во нашата замисла за радосница. Со Мила и Лука покажуваме како би можеле да се собираат вашите семејни спомени.

Како ќе изгледа

Чести прашања

Пишете ни

Прашања, предлози или поздрави? Испратете порака - ќе ви одговориме по е-пошта.